Развојот на енергетскиот систем бара нови знаења и вештини на сите учесници во енергетскиот сектор како на државната администрација , така и едукација на граѓаните. Областа на енергетиката има потреба од континуирано образование и информации.
Нашиот професионален тим преку долгорочното работно искуство Ви нуди брзо и ефикасно информирање за новините во енергетскиот сектор како и реализација на мерките за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.
Поставените цели за едукација можат да се остварат со високо квалитетна услуга, научна компетентност на вработените и надградување.
Тимот покрај своето знаење, ќе се советува и со експерти во областа преку средби на експерти кои ќе се органзираат во нашите деловни простории.
Планот за едукација и обука ке се води според следните точки:
– обука на лицата од јавниот сектор за работа со софтверската алатка ExCITE
– обука на лица од јавниот сектор за пополнување на образецот
– помош при пополнување на базите на ExCITE
– изработка на тригодишна програма за ЕЕ и на годишни акциони планови
– испорака на видео туторијали за самообука
– изработка на проекти од ОИЕ
– испорака на проекти од ОИЕ
– финансиска експертиза на проекти од енергетика и банкарски проценти за квалитетот на изработениот проект од ЕЕ и ОИЕ
Со оглед на обемноста на енергетската област и постојаните измени и дополнувања на истата неизбежно е постојано следење и примена на новините.